МВР

17-годишник добил струен удар додека снимал ТикТок врз цистерна

16.01.2025 20:04

Седумнаесетгодишно момче од скопско Волково доживеал струен удар додека бил качен на цистерна – вагон. Но, цистерната се запалила и по здобиените повреди тој е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

„Денеска во 14.55 часот на пругата на територија на Кисела Вода, 17-годишник од Волково, кој бил качен на цистерна-вагон, доживеал струен удар, при што цистерната се запалила. Со возило на Итна помош, повредениот е пренесен во Ургентен центар“, стои во соопштението на МВР.

Зошто момчето било качено на вагонот и како настанал инцидентот ќе покаже истрагата.