САД
Расте бројот на жртви во шумските пожари во Лос Анџелес
17.01.2025 08:34
Повеќе од 12.300 објекти се уништени или оштетени во пожарите, а над од 170 илјади луѓе беа принудени да се евакуираат...

Најмалку 27 лица загинаа во шумските пожари во областа на Лос Анџелес, додека над 30 лица се водат како исчезнати, соопштија локалните власти. Повеќе од 12.300 објекти се уништени или оштетени во пожарите, а над од 170 илјади луѓе беа принудени да се евакуираат. Иако ветровите ослабеа, а пожарникарите успеаја делумно да го локализираат пожарот, метеоролозите предупредуваат дека опасни временски услови се очекуваат веќе следната недела.
Гувернерот на Калифорнија, вети сеопфатен план за закрепнување што може да чини десетици милијарди долари.
