Нема консензус во ЕУ за преговори

13.12.2013 19:55

 Министерот задолжен за  евроинтеграции  Фатмир Бесими на денешните средби со високите европски претставници ја повтори македонската заложба за евроатлантската интеграција како стратешка цел на Владата на Република Македонија, но од соговорниците, Даниелсон и Виемонт, добил јасен одговор  дека во моментов нема консензус на Самитот на Европскиот совет што ќе се одржи во наредната недела земјава да добие датум за преговори.

- Ние не сакаме да создадеме нереални очекувања во однос на тоа дали Македонија ќе добие датум од Европскиот совет на претстојниот Самит. Реално, во случајов, кога се уште не се решени прашањето за името со Грција и отвореното прашање со Бугарија, реално, во ваква ситуација нема консензус од сите членки на Унијата за добивање датум за преговори, изјави Фатмир Бесими, вицепремиер за евроинтеграции.

Бесими рече дека очекува во заклучоците што се креираат на амбасадорско и на министерско ниво на државите-членки непосредно пред Самитот да бидат наведени  реформите во однос на  прашањето за  името и добрососедските односи, што ќе претставува политичка поддршка за Македонија. На денешниот состанок со директорот на Директоратот за проширување на ЕУ Даниелсон, Бесими го покренал и прашање нашата држава  да влезе во проектот на Унијата во однос на Јадранско-јонската програма за регионален развој.

Марина Стојанова- Тонева-дописник на МРТ од Брисел