Починаа новороденчиња близначиња во Прилеп
Екипата на Итната помош штом пристигнала констатирала смрт кај едното бебе, а другото било префрлено во прилепската болница во тешка состојба, каде починало.

Две новороденчиња, близначиња, на околу 20-тина дена старост починале вчера околу пладне, а јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Прилеп нареди обдукција за да се утврди причината за нивната смрт.
Новороденчињата, машко и женско, биле во тешка здравствена состојба. Семејството од домот во прилепското село Славеј повикало Итна помош. Екипата на Итната помош штом пристигнала констатирала смрт кај едното бебе, а другото било префрлено во прилепската болница во тешка состојба, каде починало.
Семејството живее во екстремно лоши услови и има уште три деца. Обвинителството нареди обдукција за да се утврди причината за смртта на новороденчињата.
Известени се надлежните, меѓу кои од Центарот за социјални работи од Прилеп.
