Свет

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

17.01.2025 10:39

Земјотресот се случил во 5 часот и 54 минути по локално време на длабочина од 143,9 километри...

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди областа Вранча во Романија. Земјотресот се случил во 5 часот и 54 минути по локално време на длабочина од 143,9 километри, соопшти Националниот институт за физика, пренесе Аџерпрес.

Градовите кои биле најблиску до земјотресот биле Фокшани, Бузау, Свети Ѓорѓе, Брашов и Плоешти.

Од почетокот на јануари во Романија се регистрирани 15 земјотреси со јачина меѓу 2,4 и 3,5 степени.