ЛИБАН
Макрон во посета на Либан за поддршка на реформите и обновата на земјата
17.01.2025 11:33
Францускиот претседател Макрон е во посета на Либан со цел да помогне во забрзувањето на формирањето влада во земјата и спроведување на реформите за обнова...

Францускиот претседател Макрон е во посета на Либан со цел да помогне во забрзувањето на формирањето влада во земјата и спроведување на реформите за обнова.
Франција, САД и Саудиска Арабија, одиграа клучна улога во надминувањето на политичкиот ќорсокак во Либан, по прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах.
Односите меѓу Либан и Франција станаа посложени, особено по неуспешниот обид на Макрон во 2020-та година да ги убеди либанските лидери да спроведат политички и економски реформи по експлозијата на пристаништето во Бејрут.
