Потрошувачка кошничка

Дел од маркетите ги продолжија замрзнатите цени

17.01.2025 14:18

Еден од најголемите синџири маркети во земјава, замрзна цени на 100 прехранбени производи и продукти за хигиена, кампањата да ја следат и други трговци очекуваат од економија. А граѓаните не го делат мислењето дека заштедиле во семејниот буџет од мерките за спречување на скапотијата...

100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци во еден од големите ланци маркети. На листата основни прехранбени производи, средства за домаќинство, лична хигиена. Власта очекува и други трговци да ја следат практиката што ќе го заштити стандардот на граѓаните. Најави ќе се засилат контролите за спроведување на Законот за нефер трговски практики.

Трговците бараат да се прецизираат одредени законски одредби со акцент на ограничување на профитната маржа и на повратот.

Популарната мерка на владата новогодишна кошничка, којашто заврши на 15-ти јануари, граѓаните велат дека не вродила со плод, односно не влијаела позитивно на нивниот буџет.

Стравуваат од нови покачувања на цените.

Власта демантира дека трпи притисок врз трговците, да не ги зголемуваат цените по завршување на мерката „новогодишна кошничка“.

 

Александра Спировска