Обвинителство

Поднесено обвинение против 10 члена на криминална група што посредувала во проституција и тргувала со дрога

17.01.2025 12:46

Обвинение заработија десет лица и еден правен субјект за посредување во вршење на проституција и недозволива трговија си дрога. Во дел од криминалната група има затворски службеник и полицаец, виш инспектор од Тетово...

„Шипка“ ги закова десетемина гостиварци и тетовци кои повеќе од четири години наведувале на проституција, дилале дрога, переле пари. Меѓу нив се и двајца полициски службеници, едниот затворски полицаец. Јавното обвинителство по завршување на истражната постапка до Кривичниот суд поднесе обвиненија за нив и за правното лице. Седуммина се обвинети за посредување во проституција, од кои четворица и правното лице за перење пари, а двајца се обвинети за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Полицискиот службеник,пак, за оддавање службена тајна.

„Тројца од осомничените го признаа извршувањето на делата и се спогодија со Обвинителството. Врз основа на предлог спогодбите на две лица им се изречени затворски казни во траење од 2 години и 3 месеци и од 1 година и 8 месеци, а службеното лице е осудено на казна затвор во траење од 1 година и 8 месеци за сторени кривични дела Злосторничко здружување и Оддавање службена тајна“, стои во соопштението на Јавното обвинителство.

За осомничениот кој е недостапен на органите на прогонот постапката е прекината до негово пронаоѓање, а се определени мерки кон вреден недвижен имот во Тетово и Гостивар, вреден подвижен имот – возила, накит и часовници од значителна вредност, како и парични средства и други предмети што потекнуваат и се принос од кривичните дела. Обвинителството побара од судот на сите да им се продолжи мерката притвор.

 

Фиљана Кока