Македонија

Критична состојбата на момчето што вчера доживеа струен удар

17.01.2025 17:28

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека цистерната се запалила, а момчето со возило на Итна помош, било пренесено во Ургентниот центар...

Седумнаесетгодишното момче од Волково кое вчера доживеа струен удар, додека било качено на цистерна вагон е во критична состојба.

Пациентот примен преку Ургентниот центар вчера со изгореници е во критична состојба и хоспитализиран на интензивна нега. Медицинските тимови ја пружаат потребната здравствена заштита, согласно медицинските протоколи и прават максимални напори за спасување на неговиот живот – изјавија од Ургентниот центар.

На пруга во општина Кисела Вода, момчето било качено на цистерна-вагон кога доживеало струен удар.

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека цистерната се запалила, а момчето со возило на Итна помош, било пренесено во Ургентниот центар.

Според информацијата на МВР, момчето е на возраст од 17 години, а настанот се случил во 14:55 часот.