Дипломатија

Паневропска унија: Македонија е подготвена да почне преговори со ЕУ

17.01.2025 13:32

Македонија е подготвена за брзо почнување на преговорите, патот кон европска интеграција е остварлив, неоправдан е едностраниот пристап што и го порекнува правото на свој јазик и идентитет...

Македонија е подготвена за брзо почнување на преговорите, патот кон европска интеграција е остварлив, неоправдан е едностраниот пристап што и го порекнува правото на свој јазик и идентитет-дел од оценките на меѓународната конференција „Бизнис дипломатија – патот кон раст на економијата и меѓународната соработка“, организирана од Паневропската унија.

Шефот на дипломатијата Муцунски ја потенцираше клучната улога на бизнис-дипломатијата во промовирањето на мирот и економските придобивки. Ја истакна новата улога на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, кое, преку последните законски измени, официјално ги презеде надлежностите за креирање политики поврзани со странските инвестиции и надворешната трговија.

Ова ни овозможува не само да промовираме извоз и инвестиции, туку и активно да ги застапуваме економските интереси на државата, придонесувајќи кон забрзан економски раст и создавање нови работни места-нагласи Муцунски.

Известува Марина Стојанова-Тонева