ДОМ поднесе кривична пријава против Југохром
Демолкратската обнова на Македонија до тетовското Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против комбинатот Југохром од Јегуновце, по истите основи според кои вчера веше поднесена против Макстил- загадување на животната средина и природата и загрозување на животната средина со отпадни материи.

„Кривичната пријава се поднесува за загрозување на здравјето на граѓаните на Тетово и уништување на животната средина, почнувајќи од 11.7.2005 година (кога почнува да важи законот за животна средина) до денес. Југохром не го испочитува Законот и не ги почна навремено набавките на еколошката опрема, па продолжи да загадува со несмалено темпо, не водејќи сметка за поплаките на граѓаните и укажувањата и казните на институциите“, стои во соопштението од партијата.