УПОЗ

Ако нема договор со Владата за повисоки плати, УПОЗ најави штрајк и тужба за државата

17.01.2025 15:53

Синдикатот на УПОЗ доставил официјално барање за средба со владини претставници, во насока на решавање на проблемот со колективните договори на дел од вработените во јавната администрација, во спротивно најавија штрајк и тужба...

Средба во владата и решение на барањата, или штрајк и тужба, Синдикатот на УПОЗ порача од пред Министерството за финансии. Не отстапуваат од нивните барањата.

Вработените во седум министерства и два државни институции неколку дена протестираат за 30-процентен додаток на плата и колективни договори.

Тие очекуваат владата да покаже разбирање, од „Илинденска 2“ засега им порачаа дека имаат разбирање за нивните барања, но Буџетот е лимитиран.

Протестите ќе продолжат и во наредните денови.

 

Борис Грујоски