Конференција

Бизнис-дипломатијата важна за зајакнување на економската стабилност и зацврстување на меѓународните односи

17.01.2025 15:16

Во свет на зголемена глобална поврзаност и економска меѓузависност, бизнис-дипломатијата станува важен инструмент за зајакнување на економската стабилност и зацврстување на меѓународните односи-посочи шефот на македонската дипломатија...

Обезбедување на економски напредок на земјава преку промовирање на трговијата и привлекување на странски инвестиции во приоритетите на МНР.

Бизнис-дипломатијата е инструмент за зајакнување на економската стабилност и зацврстување на меѓународните односи, посочи шефот на македонската дипломатија.

Економскиот развој на земјава е поврзан со пристапувањето кон ЕУ, а Македонија е подготвена за полноправно членство, вели генералниот секретар на Меѓународната паневропска унија, Баришиќ. Според него неоправдан е едностран пристап што му го порекнува правото на македонскиот народ на свој јазик и идентитет.

За економски напредок потребно е да се работи на промовирање на земјава, како бизнис дестинација, вели претседателот на Советот на странски инвестиции, Виктор Мизо.

Да се намалат административните пречки за трговија во земјите од регионот, порачаа учесниците на меѓународната конференција. Инфраструктурното поврзување посочено како клучен фактор за економскиот развој.

Марина Стојанова-Тонева