Седница на Советот за евроинтеграции

Рокас: Овој пратенички состав да ги забрза реформите и да не носи брзи закони со европско знаменце

17.01.2025 16:41

Владата има соработка со европските институции на сите нивоа, овој пратенички состав да ги забрза реформите, порача евроамбасадорот Рокас на Националниот совет за евроинтеграции...

Владата има соработка со европските институции на сите нивоа, овој пратенички состав да ги забрза реформите, да не носи брзи закони со европско знаменце, Собранието да биде место за дискусии – порача евроамбасадорот Рокас на Националниот совет за евроинтеграции. Вели ЕУ, ја остава вратата отворена.

Сите политички партии во Македонија се свесни дека Македонија заслужува полноправно членство во Европската унија. Но исто така, сите се свесни дека кон Македонија се поставуваат непринципиелни барања.

Измените на кривичниот законик од 2023-та година, ја ослабна правната рамка и негативно влијаеа врз борбата со корупцијата, посочи Филипче. Повика да се донесе нов усогласен со правото на Европската унија.

Од македонската влада, како објективен го оценија последниот извештај на Европската комисија, во кој Македонија е оценета како земја со добар степен на подготвеност, највисок во регионот.

 

Марија Котовска