Временска прогноза

Наутро студено со магла, преку ден сончево

18.01.2025 08:07

Минималната температура ќе биде во интервал од-9 до-1, а максималната ќе достигне од 2 до 10 степени...

Времето наутро ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од-9 до-1, а максималната ќе достигне од 2 до 10 степени.

Во Скопје претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до-5, а максималната ќе достигне до 4 степени.