Подобри услови за лекување во Велешката болница

30.07.2014 14:53

Заврши реконструкцијата на физикалното одделение во велешката болница. Обновените простоии, збогатени со новиот апарат со кои дополнително се подобрува лекувањето на пациентите од Вардарскиот регион, денеска ги посети и министрот Тодоров...

Се менуваат ликот и условите за лекување во Велешката болница. За неколу дена во нови модерни простории и обновена апаратаура во физикалното одделение ќе се лекуваат болните од Вардатскиот регион.

„Реконструкцијата како што гледате е комплетно завршена. Околу пет милиони денари се вложени, набавен е и дополнителен апарат од страна на болницата“, рече  министерот за здравство Никола Тодоров.

Капацитетот на  болничко лекување и понатаму е 24 пациенти, но затоа со обновата на апаратурата, на ова одделение двојно е зголемен капацитетот за дневно лекување.

„Тој нов апарат е таканаречен БНЛ 4000 ПРЕМИУМ кој што има шест струи и истовремено може да опслужува двајца пациенти, имаме порачано и други апарати “, изјави д-р Атанас Василев, директор на Општа болница Велес.

Покриеноста со медицински кадар на физикалното одделение е добра. Со новите вработувања подобрена е состојбата во целата болница , вели д-р Василев,  нагласувајќи дека паралелно со модернизацијата на болницата се води сметка и за едукација на лекарите. Четворицата лекари вработени со последниот конкурс за неколку месеци заминуваат на специјализација во странство.

Инфраструктурните инвестиции во здравствениот систем продолжуваат, вели министерот Тодоров, најавувајки дека во ноември започнува реконструкцијата на Одделението за трансфузиологија при велешката болница.

Дијана Иванова