Светска банка

Светската банка предвидува раст на македонската економија

18.01.2025 09:30

Во најновиот извештај за глобалните економски перспективи, се проценува дека економијата во земјава годинава ќе забележи раст од 3 проценти, што е за 0,1 процент повеќе од претходната проекција...

Светска банка ја ревидира прогнозата за растот на македонската економија за 2025 и за 2026 година. Во најновиот извештај за глобалните економски перспективи, се проценува дека економијата во земјава годинава ќе забележи раст од 3 проценти, што е за 0,1 процент повеќе од претходната проекција. За 2026 година се прогнозира раст од 3,2 проценти, или зголемување за 0,2 насто во однос на претходната проценка.

Од земјите во регионот, Бугарија годинава ќе забележи раст од 2,8, Хрватска 3, Босна и Херцеговина 3,2, Албанија и Црна Гора по 3,5, Косово 3,9, а Србија 4,2 насто. Се предвидува дека целиот регион на Западен Балкан ќе има раст од 3,7 проценти во 2025 и 3,9 проценти во 2026 година.