УПОЗ

Синдикатот на УПОЗ и Владата ќе се сретнат по враќањето на премиерот од САД

18.01.2025 10:09

Владата ја прифаќа поканата за средба, како начин да се стигне до решение. Оттаму велат дека состанокот ќе се реализира, по враќањето на премиерот Мицкоски од Вашингтон, кој ќе ги прими синдикалните претставници...

Синдикатот на УПОЗ една недела на протести за додатокот на плата од 30 проценти. Владата ја прифаќа поканата за средба, како начин да се стигне до решение. Оттаму велат дека состанокот ќе се реализира, по враќањето на премиерот Мицкоски од Вашингтон, кој ќе ги прими синдикалните претставници и ќе разговара за решение во интерес на работниците и нивните права, а во рамки на буџетските можности.

Вработени во неколку министерствата, во Државниот завод за статистика и Државниот архив неделава одржуваа по получасовни предупредувачки протести, барајќи повисоки плати и колективни договори.