Новоизбраниот американски претседател Трамп во понеделник ќе положи заклетва
Инаугуративниот комитет објави дека, како и за време на неговата прва инаугурација, Трамп ќе положи заклетва на семејната библија што му ја дала неговата мајка, како и на библијата што ја користел претседателот Абрахам Линколн за време на неговата прва инаугурација во 1861 година...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе положи заклетва в понеделник во затворен простор во зградата на Капитол поради најавите на метеоролозите за исклучително ниски температури.
Не сакам луѓето да се повредат на кој било начин, напиша Трамп социјалните медиуми. Тајната служба, која го води безбедносното планирање за инаугурацијата, соопшти дека работи со организаторите за да ги „прилагоди“ своите планови за настанот поради промените. Инаугуративниот комитет објави дека, како и за време на неговата прва инаугурација, Трамп ќе положи заклетва на семејната библија што му ја дала неговата мајка, како и на библијата што ја користел претседателот Абрахам Линколн за време на неговата прва инаугурација во 1861 година.
Потпретседателот Џеј ди Ванс, пак, ќе положи заклетва на семејната библија што му ја дала неговата баба.
