Над 220 граѓани ќе се обидат да го фатат крстот во Скопје
На денот кога се одбележува празникот Богојавление – Водици, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.

Над 220 граѓани утре ќе се обидат да го фатат Чесниот крст што ќе биде положен во Вардар, на прославата на празникот Богојавление-Водици во Скопје. Манифестацијата традиционално ја организира скопската православна епархија при МПЦ-ОА.
Литургијата ќе почне во 9 часот во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, со неа ќе чиноначалствува владиката Јосиф, кој потоа, заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон мостот „Слобода“ каде ќе започне „водосветот“ и ќе се положи крстот во реката.
На денот кога се одбележува празникот Богојавление – Водици, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.
