Пелистер-Вардар под Тумбе кафе на отворањето
Се чини и нема поубав начин за отворање на новата фудбалска сезона во прволигашката конкуренција кај нас од како што се нарекува со вечното дерби меѓу Пелистер и Вардар. И да нема дилеми, на задоволство на љубителите на фудбалот од Битола и околината по отстранетите недостатоци мечот ќе биде одигран на стадионот под Тумбе кафе, а за сите други македонската телевизија ќе врши пренос в недела од 17часот и 30 минути на собранискиот сервис. Одредени недостатоци имаше и на други стадиони, особено на градскиот во Тетово што го делат 2 екипи.

Се чини и нема поубав начин за отворање на новата фудбалска сезона во прволигашката конкуренција кај нас од како што се нарекува со вечното дерби меѓу Пелистер и Вардар. И да нема дилеми, на задоволство на љубителите на фудбалот од Битола и околината по отстранетите недостатоци мечот ќе биде одигран на стадионот под Тумбе кафе, а за сите други македонската телевизија ќе врши пренос в недела од 17часот и 30 минути на собранискиот сервис. Одредени недостатоци имаше и на други стадиони, особено на градскиот во Тетово што го делат 2 екипи. Така првото коло во првата лига што сезонава брои 10 клубови официјално ќе стартува в Сабота во Тетово со дуелот Ренова-Тетекс,на истиот стадион в Недела ќе играат Шкендија и Брегалница, а во Кратово каде што исто така имаше забелешки на условиите на стадионот повратникот меѓу елитата Силекс ќе го пречека Турново.
Поради утрешниот настап во третото квалификациско коло, од Лига Европа на Кипар против Омонија екипата на Металург во договор со Работнички и на арената Филип Втори во Скопје ќе гостува в понеделник од 17часот и 30-ет минути.
