битола

Ноќно скијање на „Нижеполе“

18.01.2025 13:26

Добрите временски услови и квалитетната снежна покривка овозможија ноќното скијање на „Нижеполе“ да стане атракција меѓу љубителите на овој зимски спорт. Посетеноста расне. Има скијачи од Македонија, но доаѓаат и од Србија, Албанија, Грција. Скијаат и си заминуваат. За повеќедневен туризам, проблем е недостиг на сместувачки капацитети.

Ноќното скијање на „Нижеполе“ брои сè поголем број посетители. Поради атрактивноста на ова скијање, скијачи од многу страни на Македонија, но и соседството.

По спортувањето, се дава шанса и за комплетен одмор од градскиот метеж, велат посетителите.

Големи можности, мала искористеност. Вака одличните познавачи ги опишуваат македонските планини. Тошевски, директор на Национален парк „Пелистер“ го лоцира недостатокот во планинскиот туризам.

Странците го сакаат искуствениот и адреналинскиот туризам на Баба планина. Но она што ги освојува е природниот видиковец од врвот Пелистер, еден од најубавите на Балканот.

Ако климатските промени го направија снегот во Македонија привилегија, тогаш ова е вистинска можност за уживање во снежните спортови.

 

Ружица Аџикотарева - Ѓошевска