Економија

Предлог за зголемување на минималната плата

18.01.2025 16:26

Бизнис секторот со предлози за висината на минималната плата. Порамнувањето, според законот, е во март. Од Министерството за економија велат – секој предлог е добредојден, има формула за пресметување треба да се внимава на стопанскиот раст, но и на тоа што може да поднесе државниот буџет...

Стигнуваат предлози и решенија за минималната плата од бизнис секторот. За минималец од 500 евра, но со исти придонеси, прилепските бизнисмени не се противат, но сугерираат – да има разумно, а не административно зголемување кое може да ја активира инфлаторната спирала.

Секој предлог е добредојден, но потребни се анализи како ќе влијае на стопанскиот раст, а што може да издржи државниот буџет.

Законот од 2012 ја носи формула за пресметување – по 50 насто од просечната нето-плата и индексот на трошоците за живот од лани. Местото за анализи и предлози е Економско-социјалниот совет.

Порамнувањето е во март.

 

Елизабета Митреска