Уставни измени

Уставно ќе се регулира вонбрачната заедница

30.07.2014 15:24

Вонбрачната заедница ќе се дефинира во делот на членот на Уставот што се однесува на бракот и ќе се третира како регистрирана заедница на маж и жена...

Со последните измени на Уставот што ги предвидува Владата, и вонбрачната заедница ќе се дефинира во делот на членот што се однесува на бракот и ќе се третира како регистрирана заедница на маж и жена.

Согласно постоечкиот Закон за семејство, вонбрачната заедница која трае подолго од една година се изедначува со брачната, во поглед на издршката и стекнатиот имот во времетраењето на вонбрачната заедница.

„Уставниот амандман се однесува на регистрираната вонбрачна заедница во Република Македонија и се дефинира како регистрирана вонбрачна заедница помеѓу само еден маж и само една жена“, изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Со усвојувањето на изменува во Уставот, ќе следат и соодветни измени во Законот за семејство, со кои ќе се дефинира и начинот и постапката за регистрирање на регистрирана вонбрачна заедница.