МВР

Уапсен Раде Трајковски-Штекли

18.01.2025 19:24

Уапсен Раде Трајковски-Штекли при обид за бегство. Осомничен е дека предводел група која се занимава со дрога. Полицијата трага по останатите членови...

Раде Трајковски Штекли е лишен од слобода, информира Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Тој се сомничи за трговија со дрога, предводел криминална група од десетина членови. Дел од нив се веќе лишени од слобода. Претреси се вршат на повеќе локации.

Неофицијално, Трајковски е лишен од слобода при обид за бегство, во близина на хотел во Гевгелија.

Тој и е познат на македонската јавност по трите неуспешни обиди за убиство врз него. Два пати беше нападнат со огнено оружје во еден трговски центар во Скопје, а неодамна, во дворот на неговиот дом се случи експлозија.

Во неговото судско досие има две пресуди, за ист вид на кривично дело, тешки телесни повреди и насилство.

 

Марија Котовска