Украина
Жесток напад врз Киев
18.01.2025 17:45
Најмалку четворица загинаа, неколкумина се ранети откако нов бараж ракети паднаа врз Киев...

Жесток руски напад врз украинската престолнина. Најмалку четворица загинаа, неколкумина се ранети откако нов бараж ракети паднаа врз Киев. Оштетени се автомобили, административна зграда, бизнис-центар, како и метро-станица во близина до центарот на градот.
Пукнале и водоводни цевки – делови на Киев се соочија со прекинато водоснабдување. Сирените за воздушна тревога се огласиле откако се слушнале експлозиите.
Во нападот биле користени балистички ракети. Оштетената метро-станица се наоѓа веднаш до фабрика за оружје, која повеќепати била цел на руски ракетни напади.
