Хрватска
Хрватскиот вицепремиер кој пукаше од возило поднесе оставка
18.01.2025 18:53
Хрватскиот вицепремиер рече ова бил непромислен потег и затоа поднесува оставка од морални причини. Хрватската влада го оцени ваквото однесување како несоодветно...

Хрватскиот вицепремиер и министер Јосип Дабро, поднесе оставка откако протече видео, на кое се гледа како преку отворен прозорец пука од пиштол додека се вози во приватен автомобил.
Дабро рече дека пиштолот го поседувал легално, станувало збор за маневарски, а не за вистински куршуми и додаде дека во ниту еден момент не загрозил нечија безбедност.
Сепак, тој призна дека ова бил непромислен потег и затоа поднесува оставка од морални причини. Хрватската влада го оцени ваквото однесување како несоодветно.
