Шпанија
Најмалку 30 лица се повредени при пад на ски-лифт во Шпанија
18.01.2025 20:34
Според информациите со кои располагаат властите во Арагонија, девет лица се во критична состојба, а осум се тешко повредени...

Повеќе од 30 лица се повредени во несреќа на ски-лифт во североисточната шпанска скијачка област Астун, соопшти денеска регионалната влада.
Според информациите со кои располагаат властите во Арагонија, девет лица се во критична состојба, а осум се тешко повредени. Тие рекоа дека точната причина за несреќата сè уште е под истрага. Ски-центарот веднаш беше затворен, а во тек се бројни спасувачки операции.
Локалните власти распоредија неколку амбулантни возила и испратија четири хеликоптери на местото на настанот за да им пружат помош на повредените, кои се транспортирани во блиските болници, јавуваат медиумите.
