Временска прогноза

Сончево време со температура до 12 степени

19.01.2025 07:20

Времето утрово е студено, насекаде со негативни утрински температури.

Времето утрово е студено, насекаде со негативни утрински температури. По одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од-10 до-1, а максималната ќе достигне од 2 до 12 степени.

Во Скопје претпладне студено со појава на магла, преку денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до-6, а максималната ќе достигне до 3 степени, јавува УХМР.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник по одделни котлини ќе има појава на магла, а локални врнежи од дожд, на планините од снег се очекуваат во вторник.