Транзитниот туризам потенцијал за централна Македонија
Транзитниот туризам има голем потенцијал за развој на централниот дел на Македонија. Вински тури, културен и верски туризам заедно можат да придонесат за економски развој на Општина Градско...

Винскиот туризам има голем потенцијал за економски развој на централниот дел на Македонија, на Општина Градско. Заедно со верскиот и културниот се можност за двигател на локалната економија. Квалитетното вино кое го нуди оваа област е мамка за туристите.
Добро спакуваната приказна е најдобрата реклама за еден производ, настан, регион. Како новина во понудата во овој дел на Македонија, од неодамна е и ранч со коњи.
Винската тура низ централна Македонија, не е можна без посета на археолошкиот локалитет Стоби.
Во оваа тура се нуди и прошетка до Манастирот Св. Архангел Михаил кај селото Долно Чичево, дело на Андреја Дамјанов изграден 1861 година. Верскиот туризам е дел од понудата.
Винскиот туризам во светски рамки бележи постојан пораст и претставува значаен дел од туристичката понуда на голем број земји.
Петар Печков
