Водоводна инфраструктура

Дојран доби подземен катастар со кој ќе ги намали загубите на вода

19.01.2025 12:54

За да се намалат загубите но и да има контуиниран притисок на вода во повисоките места, Дојран изработи подземен катастар со кој се детектирани сите тесни грла на водоводната инфраструктура. На подземен катастар инсистираат и градежните фирми кои поради немање на увид често прават штети на подземната инфраструктура...

Општина Дојран доби подземен катастар на водоводната инфраструктура при што ќе има полесен пристап и увид за пронаоѓање на загубите но и надминување на слабиот притисок со вода во повисоките делови на Дојран, што се случува секое лето. Подземниот катастар е изработен во соработка со Германската асоцијација за меѓународна соработка и претставува подлога за реализација на идните проекти на општината.

Преку проектот на ГИЗ, Дојран доби и 300 паметни водомери со што ќе ја добие реалната потрошувачка на вода во ова туристичко место за да во иднина се преземаат одредени зафати на водоводната мрежа.

Ретко која од општините во земјава има подземен катастар како единствена геодетска подлога. При одредени градежни зафати се водат по извештаи на комуналните претпријатија за водоводната и канализациона инфраструктура.

Немањето подземен катастар е проблем за градежните фирми кои подигаат нови објекти. Тие кога работат на терен често се соочуваат на непредвидени ситуации и предизвикуваат штети на подземната инфраструктура.

 

Ване Трајков