Израел- Хамас

Нетанјаху: Нема прекин на огнот, додека Хамас не ги објави имињата на заложниците

19.01.2025 08:49

Предупредувањето на Нетанјаху дојде неколку часа откако тој рече дека Израел го задржува правото да ја продолжи војната во Газа и дека има поддршка од САД да го сторат тоа...

Израелскиот премиер Нетанјаху и нареди на армијата да не почнува прекин на огнот во Газа, кој требаше да стартува денеска во 8 часот и 30 минути по локално време, додека Хамас не ги објави имињата на заложниците кои треба да бидат ослободени, соопшти неговата канцеларија.

Во соопштението непосредно потоа, Хамас ги обвини „техничките теренски причини“ за доцнењето на предавањето на имињата.

Предупредувањето на Нетанјаху дојде неколку часа откако тој рече дека Израел го задржува правото да ја продолжи војната во Газа и дека има поддршка од САД да го сторат тоа, доколку втората фаза од прекинот на огнот се покаже како бескорисна.