Водици

Верници во Охрид се собраа на осветувањето на водите и положувањето на Светиот крст

19.01.2025 10:27

Со чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро ќе началствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој и ќе го положи Чесниот крст во езерските води...

Илјадници верници од рано утрово се на кејот на Охридското езеро каде се очекува за брзо да бидат осветени водите и да биде положен Светиот Крст. Температурата на водата е околу 3 степени, а надворешната температура околу 0 степени.

Со чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро ќе началствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој и ќе го положи Чесниот крст во езерските води, така што оваа година се очекува и рекорден број верници и капачи во Охрид.

Градот е свечено украсен, а езерското дно кај пристаништето исчистено за оние што ќе се решат да влезат во осветените езерски води.