Израел-Хамас

Израел објави дека договорениот прекин на огнот стапува во сила

19.01.2025 11:03

Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху велат дека договорениот прекин на огнот штотуку стапи во сила, пренесуваат светските медиуми.

Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху велат дека договорениот прекин на огнот штотуку стапи во сила, пренесуваат светските медиуми.

Во објава на социјалната мрежа Икс од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху велат дека согласно рамката за ослободување на заложниците, прекинот на огнот на првата етапа во Газа ќе стапи на сила во 11:15 часот.

Оваа информација доаѓа откако претходно Израел ги доби имињата на заложниците што треба да бидат ослободени на првиот ден од договорот за прекин на огнот.

Ослободувањето на заложниците, според информациите од кабинетот на Нетанјаху, треба да биде во 14 часот по Гринич.