Притворот помалку од еден насто

13.12.2013 19:03

Тензично со паузи, поради дофрлања од пратениците кон оние што сведочеа. Така мина вториот ден од надзорната расправа во Собранието која се однесува за презумпцијата на невиност. Негодувања, но и недолични дофрлања додека новинарката Мирка Велиновска говореше пред присутните. Опозициските пратеници сметаа дека зборува предолго, бурно реагираа, по што следуваше пауза.Велиновска сведочеше за притисоците и заканите што ги имала таа во текот на минатите две децении. Дека ја тужеле, но и дека е осудена на условна казна  за преземање агенциска вест.

Тензично со паузи, поради дофрлања од пратениците кон оние што сведочеа. Така мина вториот ден од надзорната расправа во Собранието која се однесува за презумпцијата на невиност. Негодувања, но и недолични дофрлања додека новинарката Мирка Велиновска говореше пред присутните. Опозициските пратеници сметаа дека зборува предолго, бурно реагираа, по што следуваше пауза.Велиновска сведочеше за притисоците и заканите што ги имала таа во текот на минатите две децении. Дека ја тужеле, но и дека е осудена на условна казна  за преземање агенциска вест. Сето тоа од минатите владејачки гарнитури.  Го посочи Љубомир Фрчковски кој во 94-та, како тогашен министер за внатрешни работи пред група новинари истапил со непристоен предлог

Повика група новинари во неговиот кабинет и побара од нас да го смениме тогашното раководство на Нова Македонија. Ние тоа не го прифативме и му рековме дека ако сакаме тоа ние сами ќе го направиме без наредби – рече Велиновска

Пред Комисијата за политички систем вчера за презумпцијата на невиност говореа премиерот Груевски, министерката за внатрешни Јанкуловска и обвинителот Зврлевски. ,,направени се големи реформски зафати во судството, а процентот на изрекување притвор во споредба со извршените дела е помалку од еден  процент,, рече премиерот.

Миле А. Ристески