Поевтиното парно- плус за домашниот буџет
За предлог одлуката на комисијата ќе се решава на утрешната седница. Според претседателот на комисијата ваквиот предлог би требало да помогне да се вратат корисниците...

Од 1-ви август домаќинствата приклучени на мрежата на Балкан Енерџи Груп ќе плаќаат пониски сметки за парно. За 4,69 проценти ќе се намали за цената на потрошената топлинска енергија, ова е е предлогот на Регулаторната комисија на барање на компаниите. Цената за 16,6 проценти ќе ја намали и за останатите потрошувачи. Граѓаните сметаат дека е ова е плус за домашниот буџет.
„Добро е, во оваа економска криза е добредојдено намалувањето... Треба да се намали уште... Секое намалување на трошоците ги олеснува работите на сите домаќинства и правни субјекти“, велат случајно анкетираните граѓани.
За предлог одлуката на комисијата ќе се решава на утрешната седница. Според претседателот на комисијата ваквиот предлог би требало да помогне да се вратат корисниците кои во претходните години се откажаа од услугите на тогашната Топлификација поради континуираното зголемување на цената.
„Ова е и во насока на задржување на потрошувачите кои почнаа да се исклучуваат од мрежата на Балкан Енерџи и да организираат сопствено греење“, смета директорот на РКЕ, Димитар Петров.
Цената на парното ќе се намали и за потрошувачите кои го користат дистрибутивниот систем на ЕЛЕМ и на Скопје Север. Ова е трето намалување за две години.
Цената на парното во последните две години се намали за вкупно 21% за домаќинствата. Првото и најголемо намалување беше во февруари минатата година.
Дијана Ценевска
