Нигерија е нова земја партнер на алијансата БРИКС
Нигерија е примена како „земја партнер“ во алијансата БРИКС, објави бразилската влада, која во моментов претседава со алијансата.

Нигерија е примена како „земја партнер“ во алијансата БРИКС, објави бразилската влада, која во моментов претседава со алијансата.
БРИКС е основан во 2009 година од Бразил, Русија, Индија и Кина, а Јужна Африка се приклучи во 2010 година.
Минатата година и се приклучија Иран, Египет, Етиопија и Обединетите Арапски Емирати.
Саудиска Арабија е поканета да се приклучи, додека Турција, Азербејџан и Малезија официјално поднесоа барања за членство, а интерес пројавија и неколку други земји.
Нигерија е деветта земја партнер на БРИКС, приклучувајќи им се на Белорусија, Боливија, Куба, Казахстан, Малезија, Тајланд, Уганда и Узбекистан.
