Македонија
Почина тинејџерот кој настрада од струен удар
19.01.2025 12:00
Од комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат дека и покрај максималните напори на медицинските тимови, не успеале да го спасат животот на 17-годишниот пациент...

Почина тинејџерот од Волково, кој во четвртокот доживеа струен удар додека беше качен на цистерна – вагон во скопска Кисела Вода.
Од комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат дека и покрај максималните напори на медицинските тимови, не успеале да го спасат животот на 17-годишниот пациент, кој се здобил со изгореници и тешки телесни повреди.
Во инцидентот, вагонот се запали, а момчето беше пренесено во Ургентниот центар во Скопје.
