Почнаа активностите за втората инаугурација на Трамп
Почнаа активностите за втората инаугурација на Доналд Трамп како 47-претседател на САД. Во неговиот голф-клуб во Стерлинг, Вирџинија организиран голем огномет, на кој присуствуваше семејството Трамп...

Почнаа активностите за втората инаугурација на Доналд Трамп како 47-претседател на САД. Во неговиот голф-клуб во Стерлинг, Вирџинија организиран голем огномет, на кој присуствуваше семејството Трамп.
На настанот, затворен за јавноста имало околу 500 гости меѓу кои и технолошки гиганти, пријатели на Трамп од деловниот свет и медиумски ѕвезди. Потоа, новоизбраниот шеф на Белата куќа се врати во престолнината Вашингтон – тој денеска ќе одржи митинг со своите поддржувачи, а утре и официјално ќе положи заклетва на функцијата.
Инаугурацијата поради арктичките температури ќе се одржи во Ротондата на Капитол.
