Србија

Вучиќ: Наскоро референдум или избори

19.01.2025 12:07

Српскиот претседател Вучиќ најави дека наскоро во земјата ќе се организира референдум за негов импичмент или избори – тоа е процес каде власта се менува со пенкало, рече Вучиќ...

Српскиот претседател Вучиќ најави дека наскоро во земјата ќе се организира референдум за негов импичмент или избори – тоа е процес каде власта се менува со пенкало, рече Вучиќ, кој порача дека Србија ќе ги издржи сите надворешни удари, а нејзините граѓани наскоро повторно ќе излезат на гласачките кутии.

Вучиќ, кој со недели е соочен со протести поради трагедијата на железничката станица во Нови САД, ги повика студентите од блокадите да се вратат на факултетите.

Протестите се масовни, а изминатиов период се случија и неколку сериозни инциденти кои дополнително ја вжештија ситуацијата.