Филипче упати честитка по повод Богојавление – Водици
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Охрид упати честитка по повод христијанскиот празник Водици.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Охрид упати честитка по повод христијанскиот празник Водици.
„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име на сите православни верници им го честитам денешниот христијански празник Богојавление – Водици.
Му честитам на момчето Мартин Гоџовски, од населбата Варош,којшто денеска го фати крстот.
Посакувам здравје, среќа, успех оваа година. Исто така и на сите коишто денеска скокнаа во ладните води на Охридското езеро по крстот. Тоа е знак дека имаат многу голема ментална и физичка сила.
Овие празници секогаш треба да не потсетуваат да во име на солидарноста, работиме заедно, го унапредуваме општеството и создаваме подобри, еднакви можности за сите без дискриминација на ниту еден човек“, рече Филипче.
