Празник

Литургија, литија, положување на Светиот крст

19.01.2025 16:47

Во главниот град – богослужба во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, литија и положување на крстот во водите на Вардар. За разлика од претходните години, манифестацијата ја предводеше владиката Јосиф...

Ако Чесниот крст носи среќа и радост, тогаш ова ќе биде година Теодор Јовевски. 17 годишниот скопјанец беше најбрз меѓу 220-те верници кои влегоа во студените води на Вардар во обид да дојдат до крстот кој во реката го положи владиката Јосиф.

За разлика од претходните години, манифестацијата во главниот град ја предводеше митрополитот тетовско-гостиварски, г. Јосиф.

„Бог се јави, навистина се јави!“ – со овие зборови, верниците си го честитаа празникот, еден од најзначајните во православието.

Богојавление ја отсликува улогата на крштевањето, како една од светите тајни на христијанството.

 

Анита Димитријевска – Велковска