МВР

Пари, дрога и оружје се одземени во акцијата во која беше уапсен Трајковски, се бара притвор за 10 лица

19.01.2025 15:09

14-члена организирана криминална група е разбиена во полициската акција во којашто беше уапсен Раде Трајковски – Штекли. Пронајдени дрога, оружје, пари.

Падна 14-члената организирана криминална група предводена од Раде Трајковски-Штекли која долго време вршела недозволена трговија со дрога. Во акцијата на полицијата која следува после долго криминалистичко истражување при извршените претреси на повеќе локации пронајдени се големи суми пари, возила, телефони, оружје, дрога.

Обвинителството побара притвор за десетмина. Еден осомничените е веќе во притвор, а тројца не се достапни на органите на прогонот. Засега, не се откриваат детали за полицискиот службеник, осомничен дека пренесувал информации до наркокартелот на Штекли. Раде Трајковски неколкупати беше поврзуван со сериозни криминални случаи. Врз него два пати беше пукано, а во ноември беше фрлена и бомба во неговиот дом во Керамидница.

 

Фиљана Кока