Образование
Од денеска почнува второто полугодие
20.01.2025 08:17
Почнува второто полугодие. За разлика од лани, учебната година нема да биде продолжена зашто ќе нема пролетен распуст...

По тринеделен зимски распуст, учениците од денеска се враќаат на настава. Почнува второто полугодие. За разлика од лани, учебната година нема да биде продолжена зашто ќе нема пролетен распуст.
Ова значи дека ѕвончето за последен пат ќе заѕвони на 10 јуни, освен за матурантите, кои со настава завршуваат на 16 мај.
Анкетата на МОН, спроведена меѓу наставници, родители и ученици од повисоките одделенија покажа дека мнозинството од нив не сакаат пролетен распуст, кој лани траеше од 29 април до 6 мај, но, тогаш и учебната година заврши подоцна, односно на 17 јуни.
