Денеска во Кривичниот суд се очекува да продолжи судењето за двојното убиство
Денеска во Кривичниот суд во Скопје се очекува да продолжи судењето за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, за кои се обвинети Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Ванчо Кешишев како директни извршители...

Со изведување на преостанатите докази на Јавното обвинителство, денеска во Кривичниот суд во Скопје се очекува да продолжи судењето за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, за кои се обвинети Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Ванчо Кешишев како директни извршители, а таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, е обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка.
На почетокот на денешното рочиште треба да биде соопштена одлуката на претседателот на судот, Иван Џолев, во врска со барањето на првообвинетиот Палевски за изземање на судијата Ивица Стефановски. За одлуката треба да бидат известени сите странки во постапката.
Ако биде донесена одлука за изземање на судијата, судењето ќе почне од почеток.
