Пожар

Пожар во дом за стари лица во кавадаречко Чемерско

20.01.2025 11:53

На терен интервенираат 10 пожарникари со 3 противпожарни возила, а исто така има три медицински тима и две полициски возила со 8 полицајци...

Регионалниот центар за управување со кризи – Велес (РЦУК) известува дека во кавадаречкото село Чемерско избувнал пожар во дом за стари лица.

Според РЦУК-Велес, на терен интервенираат 10 пожарникари со 3 противпожарни возила, а исто така има три медицински тима и две полициски возила со 8 полицајци.

Во меѓувреме, со две возила се евакуираат 30 лица кои се сместени во старскиот дом во кавадаречко, известија од ЦУК.