Двојно убиство

Одбиено барањето на Палевски за промена на судија

20.01.2025 11:57

Обвинетиот Палевски, побара да се изземе претседателот на Судечкиот совет Ивица Стефановски, затоа што, како што рече, тој бил необјективен, пристрасен и не му дозволил правична одбрана, како и дека не го барал оружјето со кое се извршени убиствата...

Претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, одбил да го промени судијата Ивица Стефановски од Судечкиот совет во предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова го бараше првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, а одлуката ја добил на ден пред новата година.

Обвинетиот Палевски на претходното рочиште, на 20 декември, побара да се изземе претседателот на Судечкиот совет Ивица Стефановски, затоа што, како што рече, тој бил необјективен, пристрасен и не му дозволил правична одбрана, како и дека не го барал оружјето со кое се извршени убиствата кај другите обвинети.

Истовремено, на судењето не е присутен Гоце Трајковски, кој е еден од клучните сведоци кога станува збор за потрагата на Вања. Тој заедно со таткото собирал видеоснимки, преземал активности за пронаоѓање на детето.