Скопје со умерено аерозагадување
Според платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-кју ер“, со индекс во однос на штетните честички од 137, главниот град се наоѓа во портокаловата зона со категоризирање на воздухот како штетен за лицата со чувствително здравје и хронични заболувања.

Скопје утрово се најде на 26 место на листата на најзагадени градови во светот. Според платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-кју ер“, со индекс во однос на штетните честички од 137, главниот град се наоѓа во портокаловата зона со категоризирање на воздухот како штетен за лицата со чувствително здравје и хронични заболувања.
На првото место е Сараево со многу нездрав воздух и индекс од 296 во однос на присуството на штетни честички.
Меѓу првите 10 од Европа на второто место е Краков во Полска, со индекс од 198 единици, а трет е Ханој (196) во Виетнам.
