сторија

По 15 месеци ослободени три заложнички на Хамас, Израелката со македонско потекло не беше меѓу нив

20.01.2025 12:07

Силни прегратки, можеби и без многу зборови. По 15 месеци три Израелки заложници на Хамас се вратија во своите домови. Наами Леви, Израелката со македонско потекло, не беше меѓу нив. Нејзиното семејство со надеж дека таа ќе биде следна која ќе ја ослободи Хамас …

Израел мириса на надеж. Трите ослободени заложнички ги разгореа чувствата на целата нација, дури и кај оние кои беа против договорот. Меѓу нив не е 20 годишната Наама Леви чии корени по баба се македонски. Но добрата вест е дека веројатно таа ќе е дел од првиот список и наскоро ќе биде на слобода, раскажа за МТВ активистката Рашел Драмер.

Лицата на Емили, Дорон и Роми првпат после година и пол ги видоа нивните најблиски. Долги гушкања со утеха за убава иднина.

За ваква среќа ќе почекаат не само Наама туку и 60 други. Добро е што ослободените се во пристојна физичка состојба, вели Драмер.

Таа посочува дека Израелците длабоко во себе чувствуваат горчина поради тоа што со договорот ќе бидат ослободени многу припадници на Хамас кој не е уништен очигледно и може повторно да изврши терористички напади.

Нашата Наама за време на нападот на Хамас беше киднапирана од базата за набљудување на ИД во Нахалос каде ја вршеше својата должност како израелски војник.

 

Фињана Кока