Отворено студио: Претседателска инаугурација на Доналд Трамп
Македонската телевизија со отворена програма посветена на инаугурацијата на 47-от американски претседател, Доналд Трамп...

Македонската телевизија со отворена програма од 17:20 часот посветена на инаугурацијата на 47-от американски претседател, Доналд Трамп. По четири години пауза, Трамп се враќа во Белата куќа-овојпат поискусен, поподготвен за предизвиците, но и повозрасен. Со 78 години ќе стане највозрасниот инаугуриран претседател во историјата на САД.
Што да очекуваме од неговиот нов мандат? Со какви геополитички предизвици ќе се соочува, но и каде е Македонија во целата приказна, имајќи предвид дека македонската влада има конекции со луѓе од внатрешниот круг на Трамп.
Гости во отворената програма се Васко Наумовски, професор, поранешен вицепремиер за евроинтеграции и амбасадор во САД, Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка и политикологот Иво Ранѓеловиќ.
Отвореното студио следете го на следниот ЛИНК
